Хрватскиот Елон Маск, популарниот претприемач и иноватор Мате Римац, понуди бесплатен совет за тоа, како смета дека треба да се развива Европската авто индустрија за да може да се натпреварува со конкуренцијата и да ја врати својата “острица”.
Според него, погрешна е тактиката со која европските производители плаќаат милиони долари на консултанти, кои треба да им помогнат во процесот на трансформација, а кои копираат дел од иновациите на Кинеските производители.

Како што вели Римац, наместо да се копираат Кинеските производители кои имаат се’ поголеми екрани, технологија, батерии, европските производители треба да си најдат своја “ниша”. Meсто на пазарот по кој повторно ќе ја демонстрираат својата врвност.
Како пример ја наведува и филозофијата на Bentley, кој прави се’ спротивно на трендот.
Има ентериер со копчиња и врвна, рачна изработка.
Тој смета и дека европските производители грешат кога во својата стратегија сметаат дека треба да прават автомобили “за сите”.
Kaко пример ги посочи Швајцарските производители на часовници кои произведуваат само пет проценти од вкупната бројка на часовници, и притоа остваруваат 90 проценти од профитот што се генерира во дејноста.

Oбјавата на Римац, кој од неодамна ја превзема целата контрола врз брендот Bugatti од Porsche, предизвика лавина реакции од јавноста, фановите, но и од врвните директори на автомобилските компании.
Последната епизода на Темпо Магазин :













