И Jaguar Land Rover ја запира испораката на возила во САД

122

Како реакција на воведените царини од 25% за сите автомобили кои не се произведени во Америка, и Jaguar Land Rover решија времено да ја запрат испораката на возила во САД.

Британскиот производител на автомобили кој е во сопственост на Индиска Tata Motors, објави дека во април нема да испорачува автомобили во САД.

Ова е сериозен потрес за компанијата која околу една четвртина од вкупно продадените автомобили ги извезува токму во Америка.

Од воведените царини, поскапувањето веројатно многу посериозно ќе ги засегне моделите на Land Rover, чии купувачи се почувствителни на промени во цените, за разлика од Jaguar кој цели да биде нов луксузен бренд и чии клиенти веројатно нема да имаат проблеми да приберат уште 20 до 40.000 евра за да го купат својот нов автомобил.

Реклама