Голем предизвик за новиот дизајнер на Stellantis

342

Eвропската групација Stellantis која ги има и развива брендовите Peugeot, Citroen, Fiat, Alfa Romeo, Opel, Jeep, Maserati, RAM, Abarth… доби нов дизајнер.

Се работи за Жил Видал, кој доаѓа во Стелантис по пет години минати во Renault, каде учествуваше на дизајнот на новите Renault 4, 5 и Twingo, a пред Renault беше познат и како главен дизајнер во Peugeot.

Видал, пред себе има тешка задача.

Да го врати на вистинскиот пат овој голем интернационален конгломерат на автомобилски брендови, кој минатата година пријави загуба од 23 милијарди евра!

А веројатно, како што и самиот потенцира, најголемиот предизвик ќе биде сериозно да ги издиференцира брендовите, бидејќи во моментов, се чини дека се сите горе-долу слични, што веројатно се должи и на користењето на истите платформи, системи и погони кај повеќе моделски линии.

А покрај тоа што се слични, тие неретко си претставуваат и конкуренција едни на други.

“Нашата задача ќе биде преку диференцирањето, нашите модели повеќе да ги фокусираме на натпревар со вистинските конкуренти, а не со моделите во нашата Групација.” – вели Видал.

Според него, тоа не значи дека клиентите повеќе нема да ги споредуваат моделите на Opel со оние од палетата на Peugeot или Citroen. Toa ќе продолжи и понатаму, бидејќи за купувачите важни се брендовите, а не е важна Групацијата Стелантис.

Сепак, тој ќе се обиде со своите соработници да направи посериозна диференцијација на моделите и брендовите и да го избегне во иднина создавањето на “клонови”, кои меѓусебно се разликуваат само по логото на предната хауба и на воланот.

Toj навести неколку правци кон кои ќе се движи процесот на диференцијација.

  • Peugeot ќе биде иноваторски настроен, бренд што креира и имплементира новини. Притоа како пример, ги посочи Polygon концептот и брендовскиот Hypersquare steer-by-wire, систем за управување на возилото. Новини со кои брендот се издвојува од останатите.
  • Citroen ќе го засили својот фокус на создавање на имиџ на “подостапен бренд”, не испуштајќи го својот имиџ на малку “поинаков” и необичен шмек.
  • Иднината на Fiat веќе ја трасира моделот Fiat Grande Panda. Ќе се продолжи во градење на палета на семејни, функционални и практични автомобили.
  • Opel треба да го задржи својот имиџ на “Германски бренд”, креативен и технолошки напреден.
  • Аlfa Romeo, како Италијански бренд во кој човекот се стопува со машината и станува едно.

А за “ранетиот” Мaserati тој смета дека е дојден новиот 20 годишен циклус, во кој треба да дојде до некакво генерално реновирање, реинвенција на брендот…

Дали Видал, ќе успее во својата амбициозна задача, останува да видиме…

Повеќе содржини на нашиот сајт :

 

Реклама