EQS на Mercedes-Benz има уште што да каже

306

Во Mercedes-Benz веќе донесоа одлука да не го однесат електричниот модел EQS во втора генерација.

И пресекоа дека електричната приказна во оваа класа на брендот од Штутгарт ќе го понесе знаменосецот S Класа, со нови електрични мотори.

Па сепак, ЕQS сеуште има што да каже.

Тој доживеа уште еден фејслифт, во кој се најавени моделите EQS 400, EQS 450+, EQS 500 4Matic, и EQS 580 4Matic.

Додека помалиот EQS 400 има батерија од 112 kW, останатите три модели се опремени со 800-волтна елетрична архитектура и батерија со капацитет од 122 kWh.

Како што велат во Мерцедес новиот EQS 450+ поставува нови лимити во електромобилноста, обезбедувајќи домет од 926 км во WLTP циклус, што е доволно да отпатувате од Минхен до Париз или од Цирих до Хамбург.

Електричните автомобили на Mercedes сега може да се полнат и со брзи полначи до 350 kW, што отприлика значи дека за 10 минути на полнач ќе добиете околу 320 километри домет.

Покрај новите батерии, новите модели имаат и нови мотори и тоа EQS 400 испорачува моќност од 362 коњски сили (270 kW), EQS 500 4Matic до 469 кс (350 kW), EQS 580 4Matic до 577 кс (430 kW).

Веројатно најсериозниот бонус што го добива новиот EQS е steer-by-wire технологијата на воланот, која беше воведена и усовршена во Tesla и Lexus.

За забавата се грижи MBUX Hyperscreen, составен од три екрани под едно стакло – дисплеј за возачот (12.3 инчи), централен дисплеј (17.7 инчи) и дисплеј за совозачот (12.3 инчи). 

Патниците во задниот дел мож да се забавуваат и самите со два 13.1 инчни екрани.

Многу луксуз, комфор, висока технологија и сосема логично… висока цена која почнува од €94,403 во Европа.

Реклама