Гига фабрика за батерии во Британија

152

Компанијата Agratas, која е дел од Групацијата TATA, објави дека гради гига фабрика за батерии во Велика Британија, во која ќе бидат инвестирани 4 милијарди фунти.

Во целиот проект учествува и Британската Влада со 380 милиони фунти, како субвенција во целиот проект.

Кога ќе се комплетира, оваа фабрика се очекува да биде најголемата на нашиот континент и да произведува батерии за 500.000 електрични возила годишно.

Уште во првата година се очекува новата фабрика да обезбеди 1.500 нови вработувања, кои за неколку години се планира да пораснат на 4.000 работници, што треба сериозно да го освежи регионот на Самерсет.

Реклама