Офанзива на Hyundai во Европа!

844

Koрејскиот производител на автомобили Hyndai најави вистинска офанзива на нови и освежени модели во Европа.

Ова е само дел од стратегијата на брендот кој планира да лансира околу 100 нови или освежени модели до крајот на декадата, од кои дури 41 ќе бидат наменети за Европа.

Во оваа амбициозна бројка влегуваат и новаѕа Elantra, Ioniq 3 , новиот Tucson и Tucson Hybrid, како и сосема нов B-SUV за Европскиот пазар.

На нашиот континент се предвидува продажба од околу 420.000 електрични возила секоја година, што е огромен скок ако се земат сегашните бројки кои се движат околу 116.000 возила.

Хјундаи предвидува и понатаму да инвестира и да се шири во Европа преку својот премиум бренд Genesis, кој треба да донесе и нови електрични модели во гамата.

Реклама