Флотен настан за корпоративни клиенти на Stellantis

157

На европскиот автомобилски пазар,  флотните купувачи, категорија во која влегуваат многу мали и големи бизниси, компании и рент-а-кар агенции, веќе се најсериозниот клиент на производителите на возила, кои може да донесат сериозни бројки во продажбата, маркет шерот и профитот.

Клиент кој треба да се чува, негува и едуцира дури и повеќе од физичките лица.

Тоа добро го знае и Групацијата Стелантис која е составена од 14 брендови, и која со своите патнички и комерцијални возила  може да одговори на барањата на сите големи и мали флотни купувачи.

За таа цел, Стелантис, за околу 50 најдобри B2B клиенти, организираше ваков флотен настан, наречен European Driving Experience на кој направи презентација на комерцијалните возила, но и обезбеди тест возење на 70 автомобили од сите брендови на Стелантис Груп.

Акцентот, дополнително беше ставен и на 65-те електрифицирани возила кои Групацијата ги нуди и продава на европските пазари, тренд кој незпиливо галопира во европа и светот.

Претставниците на флотните клиенти, имаа можност да го посетат и историскиот музеј на Alfa Romeo во Арезе.

Реклама