Германскиот производител на автомобили – Mercedes Benz, оваа пролет, во Италија, ја претстави сосема новата CLA Класа, како нов, револуционерен луксузен седан, со многу опрема и напредна технологија во моторите, шасијата, оперативниот систем.

Овој јули, пак, раководството на брендот се пресели во Копенхаген, каде го промовираше новиот CLA Shooting Brake.
Во суштина, се работи за повеќе или помалку, истиот автомобил, новата CLA Класа, но главната разлика, практично доаѓа во каросерискиот облик.
Ако погледнете во речникот, синоним за терминот Shooting Brake, е Station Wagon, комбинација на зборови кои во нашиот јазик, најчесто се преведуваат како – Караван.
И ако така го дефинираме, нема никако да погрешиме.
CLA Shooting Brake е практично CLA во Караванска изведба.
Но модерните автомобилски брендови, веројатно не го сакаат овој термин, Караван. Не им звучи доволно атрактивно, и на некој начин ја ограничува публиката на која и се обраќаат.
Најчесто, каравaни купуваат – семејства на кои им е потребно повеќе комфор и повеќе простор за багажот, или компании како деловни флотни автомобили.

Затоа брендовите, засилено го користат терминот Shooting Brake.
Кој е, но во исто време и не е, само караванска изведба на моделот.
Тој да, има многу повеќе простор во багажникот. Конкретно кај CLA Shooting brake, волуменот на багажниoт простор изнесува 455 литри, кои со спуштање на задната клупа се трансформираат во 1.290 литри. И на кои можете да додадете уште 101 литар кои може да се складираат во предниот дел, под хаубата (популарно наречен – frunk).

И кој има стандардно вградени кровни држачи на багажник.
И кој може да влече приколка тешка до 1.500 килограми, ако возилото е со погон на задните тркала, или до 1.800 килограми, ако има погон на сите тркала.
Но, она што ги прави рaзлични Shooting Brake со Караваните е главно дизајнот.
Shooting Brake има многу поагресивна, помодерна и поспортска линија. Не треба да ве чуди, што во автомобилистиката под зборот Shooting Brake ќе најдете и многу спортски модели, кои имаат и само две врати, изгледаат како купе, но во задниот дел имаат сериозен багажен простор.
Впрочем, таков e случајот и кај новиот CLA Shooting Brake.

Атрактивен автомобил, кој го задржува агресивниот изглед на лимузината, и во задниот дел преоѓа во купе со четири врати кое има многу простор за товарање.
И со тоа,допира до многу поширока публика на потенцијални клиенти.

Оние кои го сакаат стадардниот CLA, уживаат во модерниот дизајн, но притоа, не се откажуваат од комфорот, големите димензии, огромниот багажник во кој може да се чува, како што велат и продукт специјалистите и многу спортска опрема.

Mercedes Benz CLA Shoting Brake е и првиот Shooting Brake на струја, а како што изјави и продукт менаџерот на Мерцедес, Виталиј, тој има огромен атрактивен панорамски кров со кој се поврзуваат предниот и задниот дел на автомобилот, кој електронски може да се затемнува и кој ви нуди апсолутен комфор и уживање во возењето.

Според раположливите информации, Новиот Shooting brake ќе може да се порачува од овој октомври, а испораките следат во почетокот на следната година.














