F1 се простува од Еди Џордан

264

Официјалните лица и фановите на Formula 1 се простуваат од легендарниот сопственик на F1 тимот, Еди Џордан, кој почина на 76 годишна возраст.

Еди Џордан, инаку роден во Даблин, Ирска, ja започнал својата кариера по забележителните настани во шампионатот во картинг, а подоцна се тркаше и во Formula Ford, Formula 3 и Formula 2.

По неговата професионална кариера, тој се фокусираше на еден друг дел од F1 бизнисот, создавајќи го својот F1 тим.

Особено е познат меѓу фановите како човек што му го овозможи првиот настап и деби на Михаел Шумахер, како и на легендарните возачи – Рубенс Баричело, Дајмон Хил, Жан Алеси…

Џордан го продаде својот F1 тим во 2005 година, а подоцна стана и водител на BBC во емисии кои ја следат F1, а во меѓувреме беше активен и во други сфери, маркантен како музичар (тапанар) на музички бенд.

Според официјалните информации, Џордан ја загуби борбата со подмолниот рак на простата.

Реклама