Првиот Ферари Луче се продаде за “луда” цена

26

И покрај сите контроверзи кои во јавноста ги предизвикаа лансирањето и дизајнот на првиот електричен Ферари, моделот Луче, првиот модел со број на шасија 0, се продаде за просто неверојатна цена!

Овој автомобил кој и стандардно е позициониран на цената од 553.000 евра, на официјалната аукција на својот прв примерок во историјата, оствари цена од фантастични 34,6 милиони евра!

Експертите очекуваа моделот да достигне цена од 900.000 до 1,3 милиони евра, па постигнатата цена е просто фрапирачка.

Иако името на купувачот не се објавува јавно, се шпекулира дека првиот електричен Ферари ќе оди во рацете на колекторот Дејвид Ли, кој веќе поседува ултра скап примерок – 1962 250 GTO Bianco Speciale, купено за €33.2 милиони.

Втората претпоставка е дека првиот Луче, оди во рацете на Тим Кук, генералниот директор на Apple, а третата оди дотаму да шпекулира дека луѓето од Ферари, сами му помогнале финансиски на купувачот, за да се постигне оваа цена и со неа да им се “затворат” устите на сите критичари на брендот и моделот.

Како и да е моделот со шасиски број 0, има бела мат боја, направена ексклузивно за овој примерок, која ја менува нијансата од зелено на виолетово, зависно од светлината. Ентериерот е исто така обоен во благи тонови.

Како и да е, ако купувачот е реален, ова ќе биде добар “буст” за моделот и за брендот.

Реклама