Eкспресна казна за блогер oд Кина, кој ја критикувал BYD

89

Кинескиот блогер и креатор на содржини, кој направил неколку видео клипови во кои ги критикувал електричните компоненти и батериите на BYD, експресно е осуден од Кинеските судови и задолжен да му плати на Кинескиот производител казна од пеколни 294.000 долари!

Блогерот своите содржини ги објавува под името Long Ge Talks EVs, објавил неколку видеа во кои ги критикува моторите, батериите и електричните компоненти на автомобилите на BYD, а кои подоцна судот утврдил дека се пласирани неосновано, без докази и со директна штета врз угледот на брендот.

Поради тоа, тој бил принуден прво да се извини, а подоцна и да ја олесни својата банковна сметка за околу 294.000 долари.

Реклама