Што се случува со планот за првиот автомобил на SONY?

416

За оние кои не се во тек, Jaпонските производители HONDA и SONY, направија план во заеднички проект да произведуваат електрични автомобили кои ќе го носат името Afeela.

Но, според последните информации компанијата која произлезе од заедничкото вложување на двата индустриски гиганта, под името Sony Honda Mobility, и која требаше оваа година да го лансира првиот автомобил Afeela 1, на некој временски период го одложува планираниот проект.

Причината за тоа е фактот што Honda направи промена во својата развојна стратегија, и времено ја успори работата на своите фабрики за електрични автомобили.

Како резултат на тоа, новата компанија која требаше да ги спои знаењето и статусот на Sony во електрониката и особено во гејмингот со Playstation, со технологијата на Honda во автоиндустријата, не само што го одлага лансирањето на првиот модел, туку и го откажува развојот на својот втор модел.

Причини за шифтот во стратегијата на Honda има многу, но се чини дека најсериозни се неочекуваните одлуки на Трамп да го згази планот за заштита на животната средина и да ги укине субвенциите и даночните поволности за купување на електрични возила, а сето тоа предизвика сериозен пад на продажбата на електрични возила.

Промена во својата стратегија направија и Американските брендови General Motors и Ford, кои и самите ги успорија своите вложувања во производството на електрифицирани автомобили.

Реклама