Нови стандарди во луксузот. Mercedes‑Maybach S-Class

618

Во самиот врв на палетата на луксузни автомобили во светски рамки, добиваме уште еден премиум автомобил.

Со премиерата на новиот Mercedes‑Maybach S‑Class, префинетиот автомобил со трокрака ѕвезда на предната хауба како да има задача да го редефинира поимот за луксузен седан.

Автомобилот е креиран за да обезбеди спокој, врвна рачна изработка  и грациозност.

За прв пат во еден Мајбах, се воведува и новиот Mercedes‑Benz Operating System (MB.OS), што го прави целото патување интуитивно, елегантно и интелигентно.

Како што вели Ола Калениус, генералниот директор на Мерцедес-Бенц – “ Името Мајбах стои како репер на автомобилска врвност веќе полни 105 години. Со лансирањето нановата Mercedes‑Maybach S-Class, оваа традиција продолжува со сосеманово ниво на ексклузивност и комфор. Со MB.Os кој е погонуван од вештачката интеигенција, го подигнуваме искуството на нашите возачи на уште едно повисоко ниво. Mercedes‑Maybach S‑Class  е следниот врвен момент во најголемата програма за ансирање на нови продукти во нашата историја. Mercedes‑Maybach е значаен стратешки столб во проширувањето на нашите врвни сегменти.”

Фото – Mercedes Benz, лево – Ола Калениус

Што можеме да издвоиме ка овој нов, ултра луксузен седан?

Новата скулптурална интерпретација на маската на Мајбах, сега е за 20% поголема и е достапна со светлечка рамка. На одредени пазари и амблемот на Ц столбот, па и ѕвездата на предната хауба се осветлени. Сетоа тоа е направено за дополнително да се истакне луксузната нишка на овој автомобил.

На страните е поставен и дискретен проектор, кој ги проектира буквите Мајбах на подот, кога се приближувате или си заминувате од автомобилот. Уште еден театрален момент, кој доликува на едно вакво уметничко дело.

Внимавано е на многу детали во изработката, како што се благо осветлените букви Мајбах во предната рамка на маската, светлата имаат благ финиш на розево-златна боја.

Сите тркала кои може да имаат големина од 21 или 20 инчи имаат своја Mercedes‑Benz ѕвезда, која е перфектно балансирана и секогаш стои вертикално исправена, како резултат на посебно креираниот механизам со лагерчиња..

Ентериерот оддава чувство на рачна изработка и ексклузивност, надополнето со модерната нишка на  MBUX Superscreen, екранот. Во ентериерот ќе најдете дрвени елементи од убаво созреан даб, спарен со лесно светло, премиум материјали и мазни дигитални површини.

За прв пат е употребен нов, ексклузивен текстил кој има изглед на природни влакна, наместо кожа.

Преку центарот Маnufaktur, можни зе безброј комбинации на лична персонализација на секој примерок. Со многу комбинации на кожа, везење и премиум детали.

Во ентериерот се прилега на луксузен лаунџ, со посебни луксузни  Executive задни седишта, фрижидер, сребрени Robbe & Berking шампањски садови.

Моторите се нови, електрифицирани, со осум и шест цилиндри, поддржани од благо-хибридна технологија за мазна работа, одличен одговор на командите и обновување на енергијата. Клиентите со благиот хибрид може да добијат до 100 километри возење само на струја. На некои пазари останува жив и  V12 моторот.

Во поглед на возењето, се се врти околу системот  MB.OS.

Тука е и последната (четврта) генерација на MBUX инфотeјнмент системот што нуди одлични графики.

Составен е од стандардниот екран од 36,6 сантиметри,спарен со два екрани – централен од 31,2 сантиметри и екран за совозачот со иста големина.

Тука е и Витуелниот асистент кој помага во возењето, но е тука и кога ви треба мал, неформален разговор или прибирање на дополнителни информаци за било што.

Комбинацијата на сензори е тука за да ве заштити на вашето патување од било каква опасност.

Во задната кабина има уште два екрани со големина од 31.3 сантиметри, сите спарени со ново дизајнирани далечински управувачи. Со нив можете да ја контролирате климата, затемнувањето на прозорите, инфотејнмент забавата на задните седишта.

Сосема логично, овој директорски автомобил е опремен и со цел куп системи за асистенција на возачот, за активна и пасивна безбедност.

Новиот Mercedes‑Maybach S‑Class ќе се произведува во фабриката Синделфинген во Германија, а почетоот на производството  закажан за овој Април.

Реклама