Безобразна Кинеска копија на “буба”

4165

Ако ја погледнете Ora Ballet Cat, слободно можете да искоментирате дека се работи за “буба” порачана од Тему.

За прв пат, овој автомобил беше претставен пред две години, под брендот Ora, инаку дел на Кинеската групација Great Wall, во последно време позната под кратенката GWM.

Овој автомобил, не само што не згаснува, туку добива и освежување, со посилен мотор од 169 на 201 коњски сили.

Автомобилот е фокусиран на жените, па токму затоа во него може да се најдат многу фиоки и држачи, како и огледалца на кои може да се поправи шминката и мејкапот.

Реклама