Освежената Octavia со погон на сите тркала

280

Чешкиот бренд Skoda ја претставува новата Octavia 4×4, која ќе биде достапна во хечбек и караванска верзија, опремена само со бензинскиот мотор 2.0 TSI што ќе испорачува моќност од 150 kW (204 hp).

Истовремено, најавено е дека порачките за новата Octavia со погон на сите тркала ќе почнат да се примаат за некоја недела.

Моторот ќе биде спарен со DSG менувач со седум степени кој испорачува вртежен момент од 320 Nm.

Реклама