Претставувајќи ја новата Opel Astra Sports Tourer (кај нас позната како караван), Германците се навратија на историјата и потсетија на својот прв караван.

Се разбира, се работи за Kadett A Caravan, првиот компактен караван кој беше промовиран во 1963 година, по што и стана вистински лидер во оваа класа.

Од тој момент наваму, сите модели на Кадет, а потоа и на Астра, Спортс Турер (за прв пат ова име ‘Sports Tourer’ беше промовирано во 2010 година, за сите Астри со издолжен заден дел), континуирано еволуираа и ги поврзуваа корисноста на ванот со компактноста и урбаниот дух на градскиот автомобил.
Првиот Кадет Караван бил произведуван од 1963 до 1965 година и за прв пат го револуционирал овој концепт, да се добие повеќефункционален автомобил со кој може да се превезуваат и луѓе и багаж (или производи).
Во него можеле да се превезуваат комотно 6 луѓе, благодарение на третата клупа.
Денешната Астра Sports Tourer е долга 4,64 метри и широка 1.86 метри (со склопени ретровизори).

Зависно од варијантата таа може да има волумен за товарање до 1,634 литри во задниот дел, а товарањето е лесно бидејќи возилото има ниско ниво за товарање од само 60 сантиметри..

Клиентите, новата Opel Astra Sports Tourer може да ја изберат и во целосно електрична варојанта која има автономија од 445 километри со полна батерија.















