Kaко што најавија, луѓето од Volkswagen сериозно работат на темата- да ги направат подостапни електричните автомобили произведени во Европа.

Еден од адутите во оваа приказна е секако VW ID.Cross, мал SUV со компактни димензии – должина од нешто над 4,150 mm со меѓуоскино растојание од 2,601 mm и волумен на багажниот простор од 475 литри, кој е речиси идентичен на концептот на VW претставен пред неколку месеци.

Овој електричен автомобил во Европа ќе чини околу 28.000 евра и же почне да се продава оваа есен.
Стартниот мотор има моќност од 114 коњски сили (85 kW), а е спарен со батерија со капацитет од 37 kWh, но има уште два мотори на понуда – вториот со моќ од 133 кс (99 kW) што ја користи истата батерија, или мотор со моќност од 208 кс (155 kW) спарен со поголема баерија од 52 kWh.

Автомобилот нуди автономија од 436 километри според WLTP циклусот.
Помалата батерија нуди полнење на брз DC полнач со капацитет до 90 kW, додека поголемата батерија нуди полнење до 105 kW, а процесот на полнење од 10 до 80 проценти ќе траедо 24 минути.

Платформата MEB+ е позајмена од веќе лансиранот ID. Polo, а ја користат и моделите Cupra Raval и Skoda Epiq.
Во ентериерот се лесно забележливи физичките копчиња на воланот, како и под мултимедиумскиот 12.9 инчен екран чувствтелен на допир.

Во комплетниот дизајн и изведба, лесно се забележливо дека Volkswagen сериозно работел на својата задача да го направи VW ID.Cross мал, автомобил со врвни материјали, технологија и завршна изработка, што е сосема логично ако се сака да се натпреварува со сериозните модели – Kia EV2 и Renault 4 .














