Одмазда на бесниот Американски купувач

186

Светските медиуми експлозивно ја пренесоа веста и видеото од социјалните мрежи, во кое се гледа како еден бесен клиент, со својот неодамна купен половен автомобил се забива во едно дилерство во Јута, САД.

Според информациите, клиентот го направил овој чин, затоа што продавачите и менаџерот во дилерството решиле да не му дозволат да го врати автомобилот и да си ги врати платените пари.

“Ви реков дека ќе го направам ова…!” – бесно изговара провалникот пред камерите на вознемирените членови на персоналот.

Сега, клиентот се соочува со сериозна кривична пријава.

Реклама