Aмериканската полиција купила 4 SUV-a за 4,5 милиони долари

178

Кога ќе слушнете или прочитате ваков бомбастичен наслов, во кој четири автомобили чинеле 4,5 милиони долари, логично е да се запалат сите црвени светла и да се истражи набавката која ја направила полицијата во Тексас.

Но…ако ја погледнете содржината на набавката работите веројатно стануваат помалку бомбастични.

Од вкупната сума, полицијата во Тексас, за четирите Chevrolet Tahoe, потрошила 600.000 долари (секое возило по 150.000 долари), а остатокот од сумата од околу 3,9 милиони долари биле потрошени во набавка на специјални FalcoNet системи за надгледување и контрола.

Со овој систем може да се пресретнуваат и прибираат информации од мобилните телефони во близина.

Може да се прислушкуваат осомничени и да се прави целосен надзор, а покрај од возилото, системот може да се смести и во ранец, а да се користи и од височина (во хеликоптер) со што добивате мобилен систем на надгледување.

Полициските претставници ја фалат ефикасноста на FalcoNet како скоро па совршен систем со кој може да се спасат многу животи и целосно да се разурнат криминални мрежи и системи.

Ефикасноста на овој систем, истовремено е критикувана и од јавноста, бидејќи може да ги пресретне и прибере информациите и од луѓето кои случајно се нашле во близина, со што директно се загрозува нивната безбедност и приватност.

Реклама