Audi уште на стартот го губи својот тимски директор

213

Германскиот бренд на спортски и луксузни автомобили Audi, минатата година направи многу храбар потег, решавајќи да влезе во летечкиот циркус на Формула 1, каде вложувањата се континуирани и огромни во обем.

Врвните менаџери, на евентите на кои ги претставуваа своите болиди и возачи, тврдеа дека компанијата нема само да се натпреварува, туку дека има амбиции да биде на врвот.

Но, се чини дека тимот на Ауди Формула 1, уште на стартот налета на “дупка”.

Според последните информации, по само две трки во сезоната, тимот го загуби тимскиот директор Џонатан Витли, за кого се шпекулира дека ќе замине во друг, конкурентски тим.

58 годишниот Витли, застана на чело на тимот на Audi минатата година, кога тимот сеуште оперираше под старото име Sauber, а претпоставките велат дека тој најверојатно ќе премине во тимот на Aston Martin.

Реклама