Да ни покажат дека Lamborghini Revuelto може да биде уште попривлечен од она што стандардно е, се потрудија луѓето од тјунинг студиото Novitec.

Надворешните тјунинг елементи се направени од фибер карбонски влакна со специјален сјај.

Пакетот на Novitec за Lamborghini Revuelto во предниот дел почнува од централната компонента под хаубата која дополнително ја истакнува големината на предните издуви.

Поставени се нови маски на предните светла, а дизајнерите на Novitec се поиграле и со предната хауба, ја смениле нејзината форма и на средината поставиле форма налик на р’бетна линија која ја дели хаубата на два дела.
За тркалата може да се изберат три форми, три дизајни, а во поглед на големината предните алуминиумски тркала се големи 21, а задните 22 инчи.

Особено атрактивен и агресивен е задниот дел, по кој и најлесно може да се разликуваат стандардниот Revuelto од уметничката студија на Novitec. Во задниот издув се поставени четири издувни цевки со различни големини. Подебели се оние кон центарот, потенки се оние кои се поблиску до задните крила.

Новиот издув и спортските елементи ја зголемуваат моќноста на 6,5 литарскиот V-12 мотор за 33 коњски сили.
Сетапот на трите електромотори на плаг-ин хибридната верзија остануваат исти, како во стандардниот (ако воопшто може да се наречен стандарден било кој автомобил кој излегува од производната линија во Сантагата Болоњезе.

Во продолжение, погледнете го и промотивното видео за овој тјунинг проект на Novitec.







