Во недостаток на свежи идеи, а можеби и поради се посилната ретроманија во светот, германскиот производител на автомобили Ауди, реши да го воскресне својот не толку успешен модел од компактната класа, А2.

А2, почна да се произведува во 1999 година, а официјално заврши да се склопува во фабриката на Ауди во Некарслум, шест години подоцна, во 2005 гoдина.
Беше замислен како автомобил кој треба да воведе сосема нови стандарди во класата на автомобилисо пет врати со просечна потрошувачка од само 3 литри на 100 километри, за моделот со дизел мотор, автоматски менувач и старт соп систем.

Рамката беше направена од ултра лесен алуминиум, што овозможи и автомобилот да биде ултра лесен, со вкупна тежина од само
Но високите трошоци на прозводство, го направија моделот и особено скап, па во периодот од 6 години се продаде во само 176.377 примероци, што е тотално потфрлање земајќи ги предвид огромните очекувања на луѓето во Ауди. Дополнително, проценките велат дека наместо профит, ова возило на Ауди му донесе загуба од околу 7.000 евра по примерок.
Останува прашањето колку е умно, да воскреснувате автомобил кој во минатото би целосно промашување.
Секако, новиот А2, доаѓа со модерно име – Ауди 2 е-трон, што веднаш сугерира дека е поврзан со новите трендови за електрификација на автомобилите.
Според информациите споделени од менаџментот на Ауди, А2 е-трон на своите клиенти треба да им понуди електрично возило со ниски оперативни трошоци, сериозен домет, пристеон комфор и модерна технологија.

Тој е компактен автомобил, со одлична аеродинамичност и врвен во компактната класа на Ауди коефициент на влечење од 0,24
Клинтите може да изберат четири новоа намоќност. Од 125 kW и 350 Nm3 кај основниот до 240 kW и 545 Nm4 кај врвниот модел.
Моделот со погон на задните тркала може да достигне домет до 646 км според WLTP.
Потрошувачката би требало да се движи околу 12.8 kWh на 100 km
Како и повеќето модерни елктрични автомобили и А2 е-трон нуди Vehicle-to-Load функција, што значи дека возилото се полни на струја, но истовремено може и самото да се претвори во полнач на струја за одредени уреди, електрични скари или електронски велосипеди.
Акоја погледнеме внатрешноста, веднаш паѓа во очи основната дизајнерска линија која се нарекува Softwrap – и претставува мека, површина, покриена со мек материјал,кој се шири од инструмент панелот преку вратите до задниот дел.

Опционално можете да додадете и панорамски покрив од 1,6 квадратни метри, кои ќе ја прелеат внатрешноста со светлина.
Оние кои се грижат за животната средина, може да бидат задоволни од фактот дека 300 компоненти во Ауди А2 е-трон се направени од рециклирани материјали, а и компонентите од кои е направено возилото се специјално развиени за да овозможат лесно и брзо рецклирање.

Менаџерите на Ауди, велат дека со A2 e-tron, основниот електричен модел е целосно развиен дури 21 месец порано од било кој друг, претходно развиван модел в компанијата. А токму комплексноста, тромоста и брзината на развој на новите европски автомобили, се сметаат за една од главните причини поради кои кинеските електрични конкуренти се подинамични, повитални и поактуелни од европските.
Новиот A2 e-tron се прави во базата на брендот, во Инголштад во фабриката во која веќе на големо работат 250 комплексни роботи.
А2 е-трон може да се порачува од Септември 2026 година, а стартната цена на овој автомобил кој требада и биде конкуренција на елекричната Мерцедес Бенз GLA Класа изнесува : 38,200 евра.
Останува да следиме.
Дали имаме хит, или уште едно промашување дирекно од Инголштад oстанува да видиме?
Во меѓувреме, погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













