Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон.
Тој веќе изгради мултимилионска империја, концентрирана на и околу конструирањето на електрични автомобили и на себе го сврте вниманието и парите (инвестициите) на најголемите европски, па и Азиски авто брендови.
Неговиот хиперавтомобил на електричен погон Nevera е редовна топ вест на специјализираните автомобилистички и бизнис магазини, а харизматичниот Хрват неодамна ги угости и најголемите функционери на Европската Унија кои сакаа лично да го запознаат вундеркиндот од “малата” но чудесна Хрватска.

Мате Римац, заедно со своето семејство со Хрватско потекло, емигрирал од Босна во Германија на само 2 години, а во своите тинејџерски години се вратил назад во Хрватска.
Својата животна приказна почнал да ја “брка” на само 19 години, кога во обична гаража ја конвертирал својата BMW “тројка” и од неа направил електричен автомобил кој подоцна урна и неколку рекорди во светот на електричните автомобили.
На 23 години го имаше и својот суперавтомобил на електричен погон наречен Concept One.
А неодамна го лансираше и првиот хиперавтомобил во своевидно сериско производство – Rimac Nevera.
Rimac – Bugatti
И покрај брзо стекнатата светска слава, Римац и неговите бизнис партнери ја возбудија и изненадија јавноста кога ја објавија сензационалната вест дека Римац Аутомобили (така се вика официјално компанијата на Мате) станува доминантен сопственик во новата компанија Rimac-Bugatti.

Учеството на Римац во новиот конгломерат е 55%, а 45% од акциите му припаѓаат на Porsche (кој учествува во име на Volkswagen).

Зошто VW му го предаде Bugatti на Римац?
Постојат голем број теории и анализи, зошто Volkswagen, на овој или оној начин се откажа од своето активно учество и финансирање во Францускиот бренд на суперспортски автомобили Bugatti.
Едно од најреалните толкувања е – потребата на Volkswagen да ги напушти авантуристичките проекти на претходното раководство, кои од брендот редовно цедеа (испумпуваа пари).

Според одредени информации, VW во Bugatti од моментот на неговото превземање (1998 година) има впумпано 2,4 милијарди долари. А одредени податоци велат дека на секој Veyron, компанијата губела по 5 милиони долари.
Зошто тогаш и понатаму би се инвестирале огромни пари во брендот, кој освен имиџот, не носи некои позначајни резултати? Особено имајќи предвид дека автомобилите сега треба да воведат електрични мотори и технологија, проект кој секако тежи нови стотици милиони евра.
Според одредени информации, Rimac понудил да го развие новиот Chiron, со проект во вкупна вредност од околу 240 милиони долари, на што Volkswagen го изградил и надградил својот предлог – наместо да го финансира развојот, да му понуди на Хрватот спојување (merger).
Според официјалните податоци, новиот бренд Rimac-Bugatti, ќе продолжи да ги конструира автомобилите одделно. Bugatti во Молсхајм, Франција, а Rimac автомобилите во новопроектираниот кампус на Rimac Automobili во Загреб.
Текстот продолжува, кликни 2