Аston Martin со агресивен SUV

99

Британската гордост, брендот Aston Martin, не може да се пофали со голем финансиски успех. Напротив, брендот е во сериозни проблеми, со вредност на акциите која падна за неверојатни 95% од каде основано се шират шпекулации за банкрот или превземање на компанијата!

Но, тоа не ги спречи да го исфрлат овој нов агресивен, кросовер, SUV кој ќе може да го вози секој!

Но пред да подрипнете од возбуда, возењето ќе може да се прави само дигитално, во играта Call of Duty®: Modern Warfare® 4.

Овој воен кросовер ќе има и реалистичен звук, односно моторот ќе вреска со својот V12 Aston Martin.

Дигиталниот модел е изработен од дизајнерскиот тим на Aston Martin, а ќе го носи името Dreadnought и ќе биде обоен во легендарната зелена боја – Chiltern Green.

Dreadnought својата премиера ќе ја има на Фестивалот – Fanatics Fest во Њујорк, каде посетителите ќеја имаат можноста да го видат овој модел на Aston Martin во реални пропорции и големина на штандот на the Call of Duty® .   

Реклама