Opel воведува еколошка новина кај Grandland

136

Во својата фабрика во Ајзенах, Германскиот производител OPEL, инаку дел од Групацијата Стелантис, воведува нова еколошка метода за нанесување на бојата на својот SUV модел – Grandland.

Со оваа метода, кај моделите кои имаат црн кров, а кои ги избираат околу 60% од клиентите кои го купуваат Грандленд, наместо досегашната метода на двослојна боја, сега се користи боење само со една наслага.

Со тоа фабриката секој месец штеди околу 80.000 литри вода, а сериозно ја намалува и потрошувачката на струја и затоплување.

Покрај ова, се намалува и емисијата на јаглероден моноксид за околу 580 тони годишно, а во процесот на боење се намалува и количината на создаден отпад.

Оваа метода, за прв пат била употребена во САД пред две години, а фабриката на OPEL во Ајзенах е првата од групацијата на Стелантис која ја применува во своите процеси.

Реклама