Еден просечен Германец, троши половина милион евра за своето возило…

206

Leasingmarkt oд Германија, направиле едно серизно истражување, во кое заклучиле дека еден просечен возач, во својот животен век, на купување и одржување на своето возило, троши околу половина милион евра!

Поточно, трошокот за купување и експлоатација на возилата во еден животен век чини €496,400.

За оваа пресметка се земени претпоставките дека еден просечен Германец во својот живот ќе купи три нови и пет користени автомобили, кои потоа генерираат трошоци од типот на – гориво, осигурување и други давачки, гаража или трошок за паркинг, редовно перење, одржување и сервисирање.

Анализата уште покажува дека трошоците кои се врзани со управувањето и одржувањето на возило, од 2012 до 2025 година се зголемени за 48%.

Најголемата разлика во трошоците пред десетина години, е што во 2012 во вкупниот трошок за менаџирање на возилото трошокот за набавка на возила учествувал со 116.900 € и в вкупниот трошок (336.500 €) учествувал со вредност од околу една третина.

Денес трошокот за набавка на возила изнесува 223.600 € (91% повеќе од истиот трошок во 2012 година), а во вкупниот трошок којшто е проектиран на вредноста 496.400 € учествува со речиси половина.

Трошокот за гориво, во истиот период 2012/2025 година е речиси незначитело зголемен за 8%, што веројатно се должи на намалената потрошувачка на гориво на новите автомобили.

Од другите трошоци кои сериозно влијаат на трошокот на поседување на возило, тука е трошокот за одржување и сервисирање кој низ денешна призма, возачите во текот на нивниот животен век ќе ги чини 65.400 € (44% повеќе од пресметката направена во 2012 година).

Превземено од Autoexperts.mk

Реклама