Нов концепт на OPEL

156

Opel ги објави сликите од својот нов концепт кој треба да биде претставен на Саемот во Минхен, овој септември, IAA Mobility 2025.

Името на концептнот автомобил е Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo, од кое може да се насети дека вака некако, би требало да изгледаат новите GSE модели, дополнително дека Opel ќе остане сериозно посветен на автомобилите од малиот сегмент, но и дека ќе може да се вози на тркачките симулатори Gran Turismo 7, оваа есен.

Според расположивите информации, концепт автомобилот треба да има моќност од 588 kW (800 коњски сили), вртежен момент од 800 Nm и максимална брзина од 320 km/h.

Моќноста ќе ја генерираат два електрични мотори со моќност од 350 kW (476 кс) поставени по еден на секоја оска, но кои заедно, комбинирано создаваат 588 kW (800 кс).

Моделот ќе има постојан погон на сите тркала што треба да ја зголеми стабилноста и грипот на возилото, особено на спортската патека.

Концептот од 0 до 100 km/h, треба да забрзува за вртоглави 2 секунди.

Реклама