Американскиот производител на електрични автомобили LUCID ги наполни специјализираните портали со наслови и репортажи.
Имено, нивниот автомобил Lucid Air Grand Touring, го сруши поставениот рекорд на Mercedes EQS 450+, кој пред само неколку недели извозе 1.045 километри без полнење.
На патеката од Алпите до Минхен, автомобилот на LUCID помина пат од 1.205 километри, без дополнување на батеријата.
Овој резултат беше проверен, потврден и запишан и од Организацијата на Гинисови Рекорди.
Несомнено, и избраната траса е делумно одговорна за овојодличен резултат, бидејќи стартот е во Сент Мориц на надморска височина од 1.822 метри, а целта е Минхен кој се наоѓа на височина од 519 метри, што практично значи дека во поголемиот дел од возењето, електричниот автомобил се спуштал, а тоа значи дека и сериозни ја штедел физичката енергија.
Но… без оглед на се’, овој резултат е за апсолутен респект и претставува потврда и охрабрување за понатамошниот развој на електричните автомобили кои сериозно работат на решавање на клучниот проблем, а тоа е сериозно ограничениот домет со полна батерија и сеуште недволно развиената мрежа на полначи во светот.
Според производителот на овие автомобили, кога е тоа потребно, за ранг од 400 дополнителни километри, полнењето на батериите ќе може да се направи за само 15 минути.
Инаку, овој автомобил чини €129,000, а според последните информации само во Германија од него се продадени 73 примероци.














