Mercedes-Benz воведува бесплатна дијагностичка алатка

213

Mercedes-Benz на своите клиенти, пред се флотните купувачи, им нуди бесплатна алатка Van Uptime Monitor, со која во живо ќе бидат следени повеќе сервисни параметри на нивните комбиња и веднаш ќе му сигнализираат на сопственикот за појава на дефект.

Алатката пред се ќе го мери нивото на моторно масло и притисокот на воздух во гумите, и преку сигнализацијата, прави напор да се спречат дефекти на патот кај големите комбиња, што може за секој бизнис да чини многу пари.

Оваа услуга, која во моментовсе нуди во Германија ги поврзува комбињата и нивниот систем за менаџирање на возилото со сервисните работилници.

Алатката ги мери податоците, пред се нивото на масло, притисок во гумите и неизбалансираноста на предните тркала, овие податоци се проектираат на дигиталната профилна страна на веб страната на корисникот, и во случај на детектирање на неисправност, прво на веб страната ќе дојде предупредување – Потребен е сервис, а во критична состојба, пораката ќе гласи – Итно Предупредување.

Во ситуацијата кога се детектира Итно предупредување, се активира и  Mercedes-Benz центарот за асистенција, кој со директен повик до клиентите се обидува да договори и обезбеди брза помош на патот.

Реклама