Италијанскиот бренд на супер атрактивни спортски автомобили Lamborghini, под мотото “Не можеш да скриеш кој си”, организираше голема, спектакуларна забава во главниот град на Бавариа, Минхен.
Најпривилигираните гости на настанот имаа можност целосно да ја вкусат магијата на светот на спортските луксузни супер автомибили.
Настанот се случи во престижниот локал – Hoch5 во Минхен, од чиј покрив се протегаат линиите на облакодерите на градот.
Ѕвезди на вечерта беа врелите спортски модели на Lamborghini – Revuelto – првиот V12 HPEV супер спортски автомобил, Super SUV Urus SE, и новата “Fuoriclasse” или во превод Класа сама за себе – Temerario.
Настанот, на кој клиентите и пријателите на Lamborghini можеа одблизу да ги видат најубавите спортски модели, се одвиваше на три ката, секој од нив со посебна тематика. И на секој од нив посетителите можеа директно да позборуваат и со главните луѓе на брендот – Штефан Винклман (извршен директор и претседател на управниот одбор), Рувен Мор (технички директор), Федерико Фоскини (директор на продажба и маркетинг)….
Винклман на презентацијата изјави дека е особено среќен што учествува на настанот во овој Баварски регион, особено значаен за продажбата на брендот во светот. Тој напомена дека во минатата година биле продадени 1.000 автомобили во Германија, што ја прави земјата прв пазар во Европа и втор пазар во светот, па согласно тоа, со задоволство сака да ја засили врската со клиентите и фановите на брендот.
Погледнете како изгледа Денот на Lamborghini во Германија.
Фотогалерија :






























