Шведската компанија VOLVO, која е под котрола на Кинеската Geely Group, објави дека планира да отпушти 3.000 работници, главно од администрацијата.
Новиот директор Хакан Самуелсон, изјави дека овие драстични мерки се неопходни за да може компанијата да ги преживее овие сериозни предизвици во економијата и индустријата.
Овие 3.000 работници претставуваат околу 15% од вкупната административна работна сила на компанијата, а според директорот, овие како и уште неколку сериозни мерки на штедење, имаат потенцијал да ги намалат трошоците на компанијата за 1,7 милијарди евра.
Покрај кратењето на трошоци, компанијата планира и да го засили производството на плаг-ин хибриди, со што ќе одговори на намалената побарувачка и продажба на комплетно електричните автомобили во нивната палета.














