Неодамна, Германскиот гигант Volkswagen, на свечен настан го презентираше новиот мал, градски електричен автомобил ID.Every1 кој треба да му помогне на брендот од Волфсбург да излезе од комплицираната финансиска состојба предизвикана од скандалот со дизелот.
Како што наведе самиот Томас Шафер, генералниот директор на VW Брендот, oва ќе биде електричен автомобил за секого, кој треба да биде подготвен околу 2027 година и да се движи под цената од 20.000 евра.
Погледнете како изгледаше свеченото претставување на ID.Every1 во Германија.













