И официјално… електричните возила поретко се расипуваат

285
Фото - ADAC

Според статистичките податоци на Германската Асоцијација на Транспорт, електричните возила имаат многу помали дефекти на патот од оние со класични мотори на согорување.

Според податоците изнесени од ADAC, за возилата кои за прв пат биле регистрирани во периодот од 2020 до 2022, регистрирани се 3,8 дефекти на пат на 1.000 возила за електричнитер возила, додека просекот за возилата со мотори со внатрешно согорување изнесуваат 9,4 дефекти на 1.000 возила.

Дополнително, податоците покажуваат дека и бројот на дефекти кај електричните возила над 3 години старост, опаѓа, што веројатно се должи на веќе отстранетите “детски болести” кај електричните возила, кои се утврдени и отстранети од производителите.

Реклама