Citroen објавува, Новиот C3 ќе се произведува и во Србија

324

Citroen ги потврди информациите кои проциркулираа за време на Саемот за автомобили во Белград, дека дел од новиот C3 ќе се произведува во фабриката на Stellantis во Крагујевац.

Фабриката во Србија, како резултат на договорот помеѓу Stellantis и Министерството за Економија на Србија, во периодот од 2022 до 2024 година беше модернизирана , со цел да може да ја прифати новата Smart Car платформа за електричните модели од групацијата.

Во новата фабрика која е целосно роботизирана и во која веќе се произведува моделот FIAT Grande Panda, ќе се произведува електричниот модел на C3, со што ќе се зголеми капацитетот на фабриката во Трнава, Словачка.

Овој потег е сосема логичен, ако се земе предвид фактот дека побарувачката за C3 е одлична, и иако беше промовиран на крајот од минатата година, моделот веќе има прокнижено 130.000 порачки.

Реклама