Jaпонски Kawasaki претстави вистинско футуристичко чудо, концепт кој е погонуван на хидроген (водород) со роботизирани нозе со кои идеално се совладува секаков терен.
Концептот носи работен назив Corleo, и е плод на роботската дивизија на Kawasaki Heavy Industries Group и како што може да се види на видеото, претставува комбинација на јавање коњи и возење моторцикли.

Концептот е движен од водороден мотор со зафатнина од 150 кубни сантиметри кој праќа енергија до секоја механичка нога, што ја дава можноста Corleo да се движи, трча и скока по нерамен терен.
За сериско производство, сеуште е многу рано, и се чини дека овој концепт доаѓа како навестување на моторциклите кои ќе бидат придвижувани на водороден мотор.
Но сепак, погледнете го видеото и само замислете дека овие роботизирани машини, почнат да се движат меѓу нас.














