Audi го претстави новиот A6 Avant

290

Како и што најави, AUDI го претстави својот луксузен знаменосец A6 Avant на Модната Недела во Милано, која се одржа од 07 до 13 Април.

Посебен фокус во презентацијата беше ставен на стотиците опции и можности за персонализација на автомобилот, со најдобрите материјали на располагање во авто индустријата.

Впрочем, затоа постојат и двата центри (Форуми) во Некарслум и Инголштад, во кои клиентите може директно, преку состанок со продукт експертите од Audi и преку разговор еден-на-еден точно да го дефинираат персонализираниот модел на AUDI кој одговара идеално на нивните потреби и преференци.

Само во поглед на бојата можете да изберете помеѓу 11 расположиво бои на надворешноста, и неколку типа на алуминиумски тркала од кои најатрактивни се секако, 21 инчните тркала со повеќе краци, производ на Audi Sport.

Најголемиот број на возбудени посетители, особено беа импресионирани од големите димензии, големите тркала, меѓуоскино растојание и скулптуреста фигура на новиот A6 Avant .

Oсобено се задржуваа и уживаа во дизајнот на новите спортски седишта во Baikal Blue и Neodymium Gold бја.

Реклама