Русите не купуваат премиум автомобили

236

Според официјалните статистички податоци на Автостат, во февруари оваа година, во Русија биле купени само 6.887 премиум автомобили.

Оваа бројка, во вкупно продадените возила во Русија претставува само 8,8 проценти, што претставува сериозен пад во споредба со минатата година, кога овој сегмент во вкупниот пазар учествивал со 13,1%.

Интересен е и изборот на Руските возачи.

На првите три места доминираат Кинеските брендови. Купени биле 1.442 возила од Кинескиот бренд Exeed, на второ место е исто така Кинескиот Tank со 1.402 единици, а трет според продажбата – Lisiang – 692 продадени возила.

Во Премиум сегментот, следуваат BMW (593 возила) и Mercedes-Benz (430 продадени возила).

Реклама