Трамп најавува! Пораст на царините за возила од Европа за 15%

216

Според последните информации кои ги сподели Ројтерс, Претседателот на САД, Доналд Трамп, најавил дека следната недела планира да ги зголеми царините за увоз на сите автомобили произведени во Европа од 15% на 25%.

Во изјавата, Трамп додал дека го прави овој потег затоа што Европјаните не го одржале својот дел од обврските што произлегуваат од трговските преговори.

На што точно мисли во својата изјава, контроверзниот Претседател Трамп, не било потенцирано, но се претпоставува дека истата се должи на динамиката со која Европските производители отвораат фабрики за автомобили во САД, од која Трамп не е задоволен.

Зголемените царини, според него, ќе и донесат на Америка милијарди долари, и ќе ги забрзаат европските производители во префрлањето на производството во САД.

Инаку, во САД веќе подолго време е активна авто индустријата од Европа. Активни се повеќе фабрики на BMW, Mercedes-Benz, Volvo, Volkswagen, но очигледно, ова не одговара на желбите и очекувањата на Трамп и неговата администрација.

Ако Администрацијата на Трамп ја реализира оваа најава, Европските производители ќе се соочат со нов, свеж удар под појасот, во ионака разнишаните финансиски биланси на кои царините на САД им нанесоа сериозни штети од кои тешко се опоравуваат.

Реклама