Mercedes ангажира нови работници

273

Mercedes-Benz во својата фабрика во Берлин-Мариенфелде, ангажираше нови работници.

Новите работници се високи 173 сантиметри, тешки се 75 килограми и може да носат товар до 25 килограми.

Се работи за најновиот експеримент со кој Mercedes-Benz започнува да ја тестира работата на хуманоидните роботи, кои го носат името Apollo.

Првичните задачи на роботите ќе биде да извршуваат механички активности, преместување на компоненти, тестирање на системите… и нивната работа како што изјавуваат во Mercedes-Benz е програмирана да им бидат асистенти на луѓето.

Покрај роботите во оваа ултра напредна фабрика на Mercedes-Benz  се користат и најсовремените софтверски алатки и алатки од овласта на Вештачката Интелигенција.

Реклама