Кратките дистанци, смрт за DPF

305

Кратките секојдневни релации, од 15 до 20 км, со автомобилот на дизел гориво опремен со dpf филтер, се смрт за филтерот за тврди честички (diesel particulate filter).

DPF филтерот беше вграден во дизел автомобилите за да се намали емисијата на издувните честички во воздухот и емисијата да се прилагоди на се пософистицираните EURO норми.

Овој филтер е сместен пред издувот, и како и сите останати филтри, тој е креиран за да ги спречува (филтрира) и задржи тврдите честички да излезат надвор од издувниот лонец во воздухот.

Кога во филтерот ќе се насоберат доволно честички (нечистотија), во dpf филтерот се активира посебна автоматизирана реакција, во која интензивно се крева температурата и настанува горење кое ги пали и согорува тврдите честички, кои пак, потоа, како облак на чад излегуваат од издувниот лонец. Овој облак на чад кој излегува од лонецот (ауспухот) е толку интензивен што возачите неретко се испаничуват и мислат дека им се запалил автомобилот.

Согорувањето на честичките во DPF-от се случува во возење, по 15-20 минути управување над 2.500 вртежи во минута.

Затоа, ако во континуитет минувате само кратки релации – 15 до 20 км, dpf-от нема да се активира, и со текот на време тој ќе се затне до процент, по кој не е возможна автоматска регенерација.

Регенерацијата (согорувањето) може да се активира и вештачки (во сервис) со задавање на команда преку дијагностичкиот тестер, но повторно, дали филтерот ќе се исчисти од насобраниот талог зависи од нивото до кое филтерот е затнат.

Ако дојде до затнување на филтерот за честички, на инструмент таблата ќе ви светне сијаличката (како на почетокот од постот). Во тој случај, не треба да го стартувате автомобилот, бидејќи можете да предизвикате дополнителен проблем. Повикајте го вашиот сервисер кој ќе се обиде да го направи вештачкото регенерирање на филтерот.

Во спротивно следуваат – автоматско чистење, менување на филтерот или негово исклучување и премостување (постапка, особено користена на нашите простори).

Реклама