Отворен новиот салон на GEELY и Lynk&Co во Скопје

495

Делфино Груп, позната компанија од нашата земја, која покрај другото е сопственик и на франшизата за рент-а-кар групацијата Sixt, го отвори новиот салон за продажба на автомобили од брендовите GEELY и Lynk&Co во Градкиот парк во Скопје.

Во новиот продажен објект во Скопје, двата бренда се споени под еден заеднички кров.

Инаку, LYNK & CO е глобален автомобилски бренд формиран како заедничко вложување помеѓу Geely Auto Group и Volvo Car Group. За автомобилите на LYNK & Co се вели дека се дизајнирани во Шведска,а произведени во Кина, а во палетата има целосно електрични и два плаг ин хибридни автомобили.

Во Европа, LYNK & Co е познат по тоа што своите автомобили ги нуди со месечна претплата (субскрипција) која може во секој момент да биде откажана. Овој оригинален метод на работа претставува некаков вид на комбинација помеѓу рент-а-кар и кар шеринг.

На пример Lynk & Co – моделот 02, кој е целосно електричен можете да го возите со месечна претплата од 450 евра.

Реклама