Фудбалската Федерација на Македонија, ќе вози со Гранд Ауто

356
Фото - ФФМ

Фудбалската Федерација на Македонија и нејзиниот претседател, Месар Омерагиќ, заедно со извршниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири, на прес конференција одржана во салонот на Гранд Ауто во Скопје, ја известија јавноста дека отпочнуваат сериозна меѓусебна соработка.

Фото – ФФМ

„Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и ‘Куќа на фудбалот’ добиja нов партнер во името на @fordmacedonia и @hyundaimakedonija ”.

“Правиме сѐ за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика. Соработката со Гранд Ауто е токму во таа насока” – изјави г-динот Омерагиќ.

Фото – ФФМ

Според Заири, на ФФМ ќе и бидат ставени на располагање повеќе видови и модели на возила од палетата со која располагаат, а со тоа ќе и помогнат на Федерацијата и ќе се погрижат за поголема безбедност на нејзините функционери.

Гранд Ауто, на нашиот пазар ги продава возилата на FORD, HYUNDAI, MG и CHERY.

На настанот присуствуваа и селекторот на македонската репрезентација Боби Милевски и легендата на мак фудбалот – Илија Најдовски.

Фото – ФФМ
Реклама