Овој систем го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди

246

Според последните анализи направени од Холандски научници, во студијата во која се прибирани и анализирани статистичките податоци од целиот свет, извлечени се неколку важни заклучоци.

Според студијата, дел од системите за активна и пасивна безбедност кои се вградуваат во новите возила позитивно влијаат на безбедноста во сообраќајот, дел се неутрални, а за дел од овие системи е извлечен заклучок дека нивниот ефект е обратен, т.е. наместо да ја подобрат тие ја влошуваат безбедноста во возењето.

Така на пример :

  • Системот за асистенција за одржување во коловознат лента, го намалува бројот на незгоди за 19,1%
  • Системот за следење на вниманието на возачот – за 14%

На другата страна е темпоматот (cruise control) кој ја зголемува веројатноста за настанување на сообраќајна незгода за 12%, а адаптивниот темпомат за 1,8%.

Причина за ваквата статистика е што со вклучување на класичниот темпомат, се намалува вниманието на возачот и фокусот на патот, што може да предизвика поспора реакција во случај на опасност.

Адаптивниот темпомат кој автоматски прикочува или забрзува, трудејќи се да одржи безбедна дистанца со останатите возила на патот, може да создаде чувство на лажна безбедност, бидејќи истиот недоволно добро и ефикасно не ги регистрира спорите или паркираните возила.

Популарни содржини :

Реклама