Можете ли да додадете вода во ладилникот?

265

Иако, во пракса, најчесто, се зборува дека во ладилникот не треба никако да се додава вода, ова не е точно.

Водата, е веројатно, најдоброто средство што можете да го употребите за дополнување на ладилникот.

Практично, разладната течност во ладилникот (позната како антифриз) претставува комбинација на вода и етилен гликол, кој се употребува за регулација на температурата во ладилникот.

Во суштина, кога моторот ќе се активира, се крева температурата во моторот, а разладната течност апсорбира дел од таа топлина. Додека се вози, разладната течност циркулира во ладилникот и топлината ја исфрла во атмосферата.

Ако нивото на разладната течност е ниска, ќе приметите дека се крева температурата во моторот (моторот се прегрева), а греачот не дува топол воздух.

Ако нивото на разладна течност е ниска, можете слободно да додадете вода (препорачано – дестилирана).

Секако, во зимски услови, треба да се внимава во ладилникот да се додаде соодветна течност (комбинација на антифриз и дестилирана вода), бидејќи ако во ладилникот имате голем процент на вода, истата на температура под нулата, може да замрзне и да предизвика други проблеми.

Реклама