Според последните информации, Ferrari во минатата година продал 13.752 автомобили, кои му донеле приход од 6,7 милијарди евра.
Ваквите бројки, во споредба со претходната година претставуваат пораст од 11,8%.
Порастот на продажбата се должи на се поголемото портфолио на автомобили како што се Purosangue, Roma Spider и 296 GTS и покрај тоа што од продажбата беа исфрлени моделите Portofino M, SF90 Stradale, 812 GTS, 812 Competizione и Roma Coupe.

Од компанијата очекуваат овој тренд да продолжи и во 2025 година.















