Со нов дрес, по 12 години

234

Во светот на F1 како вистинска бoмба одекна одлуката на Луис Хамилтон да го замени својот дрес оваа сезона и од тимот на Mercedes да премине во лутиот ривал Ferrari.

Чинот, самиот по себе руши огромен број на рекорди, а неодамна на интернет се појави и фотографијата на која Хамилтон стои пред куќата на Енцо Ферари со легендарниот F40.

Оваа слика со речиси 6 милиони лајкови е апсолутен рекорд во F1.


Во коментарот под сликата, Хамилтон изјави – “За некои денови знаете дека засекогаш ќе ги паметите. Ова е еден од тие денови, бидејќи станувам прв возач на Ferrari. Почнуваме нова ера в историјата на оваа култна екипа. Одвај чекам да видам што ќе постигнеме.”

Реклама