Премиера на VW ID. EVERY1! Електричниот автомобил за секого за 20.000 евра

298

Volkswagen го претстаи долгонајавуваниот и долгоочекуваниот електричен модел ID. EVERY1, автомобил кој ќе им биде достапен на сите, по цена од 20-на илјади евра.

ID. EVERY1 е концептен модел на мало спортско електрично возило, кое ќе оди во сериско производство во 2027 година и ќе има стартна цена од 20.000 евра.

Во 2026 година, веќе треба да биде лансиран и моделот ID. 2all01 со цена од 25.000 евра.

Двата модели се базирани на новата MEB платформа на VW, со погон на предни тркала и ќе бидат дел од Урбаното Семејство на Електрични автомобили на Volkswagen Group.

Според Каи Груниц, член на Volkswagen Brand Бордот на Менаџери, ID. EVERY1 е комплетно фокусиран на клиентите, ќе може целосно да се персонализира и ќ има нова, силна софтверска архитектура. Нешто што ќе ги одликува сите основни модели на автомобилите од Волфсбург.

ID. EVERY1 ќе биде автомобил кој ќе може да се персонализира, согласно афинитетите на клиентите, дури и откако ќе биде купен.

Концептниот автомобил развива брзина до 130 km/h благодарение на електричниот мотор со моќност 70 kW (95 кс). Неговата автономија се преоценува на околу 250 километри со едно полнење.

Со ID. EVERY1 и другите електрични модели, VW се надева дека до 2030 година ќе стане технолошки лидер во производството на напредни, безбедни и најиновативни автомобили.

Реклама