Иако гласноговорниците на Италијанскит бренд Alfa Romeo кој сега работи под значката на Stellantis, си поставија амбициозен проект – целосно да ги електрифицираат своите автомобили до 2027 година, се чини дека овој план паѓа во вода.
Како што изјавуваат во Alfa Romeo, планот за Северна Америка се менува, нема да се оди на целосна електрификација на гамата, туку ќе се понуди повеќеслојна енергија во која влегуваат бензински, електрични и плаг-ин хибриди.
Причината за овој потег, според Крис Фјуел, директорот на Alfa Romeo за Америка, е во тоа што форсирањето на дилерите во Америка да продаваат само електрични автомобили ќе биде премногу рестриктивно и лошо за нивниот бизнис.

Компанијата ионака има огромни проблеми бидејќи минатата година со продадени само 8.865 единици во Америка, забележа пад на продажбата за дури 19%.
Не се знае дали планот за електрификација ќе се однесува и на другите пазари, особено Кина и Европа, но очигледно е дека речиси сите брендови, прават ретерирање во своите амбициозни планови за исфрлање на бензиските и дизел мотори.















