Mercedes-Benz ќе им исплати до 422.000 евра на вработените!

26

Нова бомба од компанијата со трокрака ѕвезда од Штутгарт.

Во екот на големата автомобилска криза со која се соочуваат европските производители, Mercedes-Benz во очај, на своите вработени им нуди финансиски пакети до 422.000 евра!

Но, не се работи за бонуси или награди, туку за финансиски аранжман за доброволен, спогодбен раскин на работниот однос.

Веста ја пренесе реномираниот германски магазин Bild, а според направените пресметки, на вработените, поради кризата и пред се падот на продажбата на нови возила во Кина, им се понудени следните пакети :

  • До 422.000 евра за инжинер на возраст од 52 години, кој брзо ќе се согласи на оваа спогодба.
  • До 340.000 евра за истиот инжинер, но без екстра бонусот предвиден за брза спогодба.
  • До 253.000 евра надомест за членови на административниот персонал.

Оваа финансиска програма ќе трае од декември 2026 година до крајот на Септември, следната година.

Најдобрите услови ќе ги добијат оние кои ќе се согласат на условите најдоцна до крајот на Март, 2027 година.

Очигледно се работи за еден куп пари, кои менаџерите на Мерцедес, ги подготвиле во буџетот за следната година, но кои, истовремено треба на долг рок, да ги намалат вкупните трошоци за плати на компанијата и да ја направат поконкуретна во борбата со далеку пофлексибилните и динамични Азиски конкуренти.

Погледи ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама