Кинескиот производител на автомобили BYD има сериозно амбициозен план, за околу пет години, да ги симне од тронот Тојота и Фолксваген, и да стане најголемиот производител на возила во светот.
И тој план успешно се развива, но се чини дека е сеуште светлосни години далеку, а за тоа се главно виновни Трамп и САД.
Според Стела Ли, потпретседателка на BYD, засега BYD не планира да влегува на Американскиот пазар на автомобили, главно поради геополитичките игри, активни во моментов.
Затоа брендот се ориентира на Европа, Централна и Јужна Америка, остатокот од Азија…

Во САД, за разлика од останатите светски економии, условите во 2027 година за увоз на Кинески автомобили станува уште поригорозен, и ќе бидат забранети за увоз сите возила кои имаат софтвер кој на било кој начин може да е поврзан со Кинеската Влада.
А сето тоа, веројатно значи дека уште долго, BYD нема да може да смета на бројките од овој огромен пазар на автомобили.













